Дома Фудбал Останато Mиовски добива нов тренер!

Mиовски добива нов тренер!

Maкедонскиот напаѓач кој игра во одлична форма и вчера постигна уште еден гол за Абердин, Бојан Миовски во наредниот период ќе добие нов тренер.

Шкотскиот тим го отпушти тренерот Бери Робсон поради лошите резултати во последниот период. Отказот на Робсон дојде по вчерашниот пораз од Хартс.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Ова беше тешка одлука на раководството, меѓутоа сметаме дека промена е неопходна за клубот да продолжи да чекори во свистинска насока.

На Бери му беше дадена поддршка и време, толку колку штои можевме со надеж дека тимот ќе ја врати препознатливата форма, но играта која ја имаме во последно време е неприфатлива. Важно е да му се заблагодариме за придонесот кој го имаше во Абердин, тој е добар човек и секако дека му посакуваме се најдобро во иднина“, стои во објавата на Абердин.

Привремено Миовски и друштвото ќе ги води Питер Левен, а ќе му помага Скот Андерсон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Страшна борба на Гого: Победи со нокаут во прва рунда! (Видео)

Македонскиот борец Гого Славески запиша уште една убедлива победа во БКФЦ (бокс со голи ра…