Во текот на вчерашниот ден беше потврден трансферот на македонскиот репрезентативец Бојан Миовски во редовите на Жирона.
Абердин од трансферот на Миовски заработи 8.5 милиони евра, а Миовски се збогуваше со емотивна порака преку социјалните мрежи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Здраво навивачи на Абердин. Сакам да ви се заблагодарам за прекрасните две години и се што поминав во овој клуб. Напредував благодарение на поддршката која ми ја дававте. На теренот секогаш го давав максимумот за да можам да го вратам она што ми го давате.
Ме научивте како да се заљубам во овој клуб. Секогаш ќе бидам благодарен за поддршката која ми ја дававте во моето двегодишно патување во Абердин. Јас секогаш ќе бидам ваш најголем поддржувач. На момците им посакувам среќа и успеси,еднш Дон-секогаш Дон“, гласи пораката на Миовски.