Македонија утре ја очекува натпревар против Фарски Острови, а селекторот Благоја Милевски денеска ја одржа редовната прес-конференција пред натпреварот.
Со дуелот против Фарски Острови, Македонија го стартува новото издание на Лигата на Нации, а селекторот Милевски порача дека нема да биде лесно.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Фарски Острови има квалитет и ќе бидат тежок противник. Нашата цел е првото место во групата и тоа е јасно, мораме да го дадеме својот максимум за да не зависиме од тоа како ќе одигра противникот. Станува збор за селекција која во минатото издание ја победи Турција и тоа воопшто не е мала работа.
Временските услови се такви какви што се. Токму затоа дојдовме еден ден порано, се надевам ќе бидеме спремни“, изјави Милевски.
Избраниците на Милевски по натпреварот против Фарски Острови на 10 септември на домашен терен во второто коло ќе играат против Ерменија.