Дома Фудбал Останато Mеси послаб? – НЕ НИКОГАШ НЕ БИЛ ПОДОБАР!

Mеси послаб? – НЕ НИКОГАШ НЕ БИЛ ПОДОБАР!

меси

Многумина крунисувањето на Лука Модриќ со „Златната топка“ го означија како крај на една ера – крај на доминацијата на Лионел Меси и Кристиано Роналдо.

Не може да се каже и дека не се во право бидејќи после цели 10 години оваа награда ја освои друг играч (освен Меси и Роналдо). Оваа година Меси заврши дури петти во изборот на „Франс Фудбал“, а од тој момент како Меси да сакаше да покаже дека му е нанесена неправда и запишува неверојатни бројки.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


И не само што игра одлично – ова е најдобрата сезона во неговата цела кариера! Ако за пример ги земеме најважните параметри, голови и асистенции – Меси е прв! И тоа не е се.

Од него повеќе шанси креираше само Димитри Паје, а само Ален Сен Максиман од Ница направил повеќе успешни дриблинзи. За каква доминација всушност се работи најдобро покажува следниот пример: Меси за нецела полусезона постигна повеќе голови и забележа повеќе асистенции од целиот тим на Валенсија – учесник во Лигата на шампионите?!

Не е тоа доволно? Сето тоа го изведе и покрај тоа што имаше пауза поради повредата на рамото.
Лиоенл Меси и ма 32 години. Му предвидуваа пад во секој поглед и на секое поле, освен киксот со репрезентацијата, сите други бројки кажуваат дека ова е најдобрата сезона во кариерата. Всушност – има најдобри бројки.

Со 14 постигнати погодоци, Лео е прв стрелец во ТОП 5 најсилни лиги во Европа. Со 10 асистенции исто така е лидер. Ако ги собереме овие две категории, а потоа бројот на минути поминати на теренот го поделиме со таа бројка ќе добиеме податок дека Аргентинецот постигнува гол или асистира на секои 47.5 минути. Таков учинок нема никогаш претходно во кариерата. Вкупно во сите натпреварувања, Меси одигра 19 натпревари и забележа 20 погодоци + 12 асистенции.

НАЈДОБРИ СТРЕЛЦИ ТОП 5 ПРВЕНСТВА

14 – Лионел Меси
12 – Никоалс Пепе, Килијан Мбапе, Лука Јовиќ, Емилијано Сала, Криштоф Пиатек, Пако Алкасер

НАЈДОБРИ АСИСТЕН ТОП 5 ПРВЕНСТВА

10 – Лионел Меси
9 – Еден Азар
8 – Себастијан Але, Сусо
7 – Џејдон Санчо

ГОЛОВИ + АСИСТЕНЦИИ ТОП 5 ПРВЕНСТВА

24 – Лионел Меси
17 – Николас Пепе, Себастијан Але, Еден Азар
16 – Килијан Мбапе, Нејмар, Кристиано Роналдо

КРЕИРАНИ ШАНСИ ВО ТОП 5 ПРВЕНСТВА

67 – Алана Сен Максиман
61 – Лионел Меси
52 – Нејмар
49 – Софијан Буфал, Јусуф Атал
46 – Жеф Рен Абделаид

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…