Реал Мадрид денес го претставени Французинот Чуамени кој пристигнува во Мадрид како големо засилување во средниот ред.
За Чуамени Реал Мадрид плати 80 милиони евра, а уште 20 Монако може да добие преку бонуси. Интересно е што на денешното претставување Чуамени откри дека Мбапе се обидел да го убеди да потпише за ПСЖ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мбапе зборуваше со мене и ме праша дали би можел да одам во ПСЖ, сепак јас му одговорив дека сакам да одам во Реал. Килијан ја разбра мојата одлука и ми посака среќа“.
Од друга страна откри Камвинга го советувал да дојде во Мадрид. Ќе потсетиме Мбапе имаше скоро договорен трансфер во Реал Мадрид, меѓутоа на крајот сепак се реши да ја прифати богатата понуда од ПСЖ да потпише нов договор.