Уште една средба со новинарите Мурињо ја претвори во циркус на кој најмалку се зборуваше за утрешниот натпревар против Валенсија.
Мурињо не верува во тврдењето на некои поранешни фудбалери дека некои негови фудбалери со намера не даваат се од себе само за тој да биде отпуштен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Дали оние кои го зборуваат и кои сега се аналитичари имаат такви ситуации во минатото?“, запраша Мурињо.
Потоа додаде дека Јунајтед губи и победува како тим, а се насмевна на прашањето на шпанскиот новинар дали навистина разговарал со Зидан.
„Прашајте го човекот зад вас, тој тоа го напиша“, изјави Мурињо.
„Да, точно е“, одговори новинарот на „Сан“ кој ја пренесе таа информација.
Потоа Португалецот ги отфрли тврдењата дека е загрижен поради отказот, а прашањето дали имал разговор со Ед Вудворд го нарече непристојно.
„Ве прашувам ли јас вас со кого сте разговарале и за што. Не сум загрижен за работата, давам се од себе да ги свртам работите и ќе продолжам тоа да го правам“, додаде менаџерот на Манчестер Јунајтед.