Дома Фудбал Останато Mихјаловиќ: Ме бараа Јувентус, Рома и Наполи, но не и Лацио тоа е чудно

Mихјаловиќ: Ме бараа Јувентус, Рома и Наполи, но не и Лацио тоа е чудно

Синиша Михајловиќ после феноменалната полусезона на клупата на Болоња повторно стана тренер кој е баран на Апенините.

Србинот се споменуваше како можно решение на клупата на Рома, Лацио, Јувентус…На крајот остана во Болоња со која потпиша договор на три години вреден шест милиони евра. Сега Михајловиќ потврди дека добил повик од Рома.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Точно е, бев блиску до Рома. Меѓутоа сфатив дека тие не се спремни за мене. Јас бев, но тие не беа. Имајќи го тоа во предвид сфатиф дека ќе морам да водам војна самиот со себе и се откажав. Не можам да водам војна, не би ја добил. Им се заблагодарив на интересот и продолжив понатаму, се насочив кон други работи“, изјави Михајловиќ.

Навивачите на Рома беа против доаѓањето на Михајловиќ и го навредуваа на национална основа. Причина беше неговото минато во Лацио.

„Не ги разбирам луѓето кои ме нарекуваат предавник. Кого сум предал? Си ја работам својата работа и тоа е се. Не можам да живеам од воздух. Јас сум професионален тренер и затоа размислував за Рома. Тоа ќе беше одлично искуство“.
Михајловиќ се споменуваше и како опција за клупата на Лацио кога си замине Симоне Инзаги. Меѓутоа признава дека никогаш не разговарал со овој клуб.

„Лацио никогаш не ме повикал. Искрено, тоа ми е чудно. Се занимавам со оваа работа 10-12 години и работев во 7-8 клубови во Серија А, но никогаш Лацио не ме повикал. Чудно е затоа што пред пет години ме повика Јувентус. После тоа и Наполи. Сите ме ценат освен Лацио!? Разочаран сум поради тоа“, призна српскиот тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Новинар на „Марка“ го откри планот на Модриќ – може да се случи пресврт!

Кога Лука Модриќ во јули оваа година го продолжи договорот со Реал Мадрид за уште една сез…