Дома Фудбал Лига на шампиони Mбапе блескаше, ПСЖ со победа се враќа од Минхен! 🎥

Mбапе блескаше, ПСЖ со победа се враќа од Минхен! 🎥

Вечерва се одиграа нови натпревари од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Во дербито кое го играат Баерн и ПСЖ, гостите од Париз предводени од Нејмар и Мбапе успеаа да дојдат од триумф. Мбапе го отвори резултатот уште во третата минута, а во 28. минута Маркињос зголеми на 0:2. Асистент за двата гола беше Нејмар.

Пред крајот на полувремето Чупо Мотинг постигна гол за намалување на 1:2.

После 15 минути во вториот дел Милер постигна гол за изедначување. Сепак, осум минути подоцна Мбапе со својот втор гол ги постави конечните 2:3.

Во вториот натпревар Челзи не дозволи изненадување и го совлада Порто со 0:2. Челзи постигна по еден гол во прво и второ полувреме, а стрелци беа Маунт и Чилвел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Тихомир Костадинов асистент во важната победа на Ружомберок 🎥

Репрезентативецот на Македонија Тихомир Костадионов денес беше асистент во победата на Руж…