Дома Фудбал Во Мајами не се грижат: Меси е наш

Во Мајами не се грижат: Меси е наш

Интер Мајами и Лионел Меси ќе преговараат во наредните недели за нов договор, а во тимот од МЛС немаат дилеми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


На еден од најдобрите играчи на сите времиња, според многумина и најдобар, му истекува договорот со клубот од Мајами во декември. Тоа би значело дека Аргентинецот веќе може да преговара со други тимови, но сигурни се во Интер дека Меси останува.

Интер ќе игра на картата од Светското првенство 2026 година кое се одржува во САД. Меси уште не ги затворил вратите за евентуално играње за репрезентацијата и тогаш.

Покрај јасниот интерес на клубот од МЛС лигата, постои и интерес од клубови од Саудиска Арабија. Сепак, според информации од извори блиски до играчот, Меси сака да остане во САД.

Поранешниот фудбалер на Барселона и ПСЖ веќе е најдобар стрелец во историјата на клубот. Меси постигна 50 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи ќе го тужи Манчестер Сити поради наследникот на Гвардиола?

Во Манчестер Сити имаат намера да го ангажираат Енцо Мареска како наследник на Пеп Гвардио…