Дома Фудбал Го поврзуваа со преселба во Реал Мадрид, а додека чека трансфер – решава испити на факултет! (Фото)

Го поврзуваа со преселба во Реал Мадрид, а додека чека трансфер – решава испити на факултет! (Фото)

Анте Будимир кој има 33 години сподели фотографија на која се гледа лаптоп, куп хартија и калкулатор. Хрватскиот напаѓач на Осасуна се подготвува за испити на Економскиот факултет во Загреб, кој наскоро би можел да го заврши.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во исто време, мнозинството од познатите фудбалери се на одмор по долгата сезона, некои учествуваат на Светското клупско првенство во Соединетите Американски Држави, а дел веќе започнаа со подготовки за новата сезона. 

Сезоната 2024/2025 на Будимир беше една од неговите најуспешни и успеа да постигне 24 гола во 48 натпревари за Осасуна, од кои 21 во Ла Лига. Со тоа се позиционираше како трет најдобар стрелец во шпанското првенство, зад Килијан Мбапе (31) и Роберт Левандовски (24).

Неговиот договор важи до летото 2027 година, а ова лето се зборуваше за можен трансфер во Реал Мадрид. Тоа би било најголемото достигнување во кариерата хрватскиот голгетер, меѓутоа трансферот можеби нема да се случи, затоа што Реал наводно решил да му даде доверба на својот играч Гонзало Гарсија за резервна позиција на нападот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Франција ги растури „викинзите“, Дембеле со хет-трик

Франција продолжи со одличната игра на Светското првенство во Северна Америка. „Петлите“ ј…