Дома Фудбал Јувентус не се откажува од Осимен и покрај договорениот напаѓач

Јувентус не се откажува од Осимен и покрај договорениот напаѓач

Договореното привлекување на напаѓачот Џонатан Дејвид како слободен агент не значи дека Јувентус ќе престане со обидите да потпише и со Виктор Осимен од Наполи, тврди Џанлука Ди Марцио.

Според трансфер експертот, Старата дама ќе продолжи да преговара за нигерискиот репрезентативец, кој останува приоритетна цел. Ако клубот не успее со Осимен, ќе го разгледа резервното решение, а тоа е Матео Ретеги, кој стана водечки стрелец во Серија “А” минатата сезона со тимот на Аталанта.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Меѓувремено, Јувентус се обидува да се договори со Пари Сен Жермен за продолжување на заемот на Рандал Коло Муани и за претстојната сезона, додека продолжува да бара нов клуб за Душан Влаховиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо по дебаклот: Oвој резултат може да биде добар за нас

Реал Мадрид страдаше во полуфиналето на Светското клупско првенство во Америка од Пари Сен…