Дома Фудбал „Чудото од дете“ на Порто покажа зошто вреди 40 милиони евра: Постигна гол во стилот на Меси! (Видео)

„Чудото од дете“ на Порто покажа зошто вреди 40 милиони евра: Постигна гол во стилот на Меси! (Видео)

Родриго Мора неодамна наполни 18 години, но според Transfermarkt веќе вреди 40 милиони евра. Офанзивниот играч на похласата на Порто во последниот натпревар од групната фаза на турнирот на клубови ја покажа причината за неговата висока процена. Неговиот тим одигра 4:4 против шампионот на Египет, Ал Ахли, во Њу Џерси, што доведе до нивно испаѓање од натпреварувањето.

Првиот погодок на Порто го постигна Мора со спектакуларна соло акција. Со дриблинг во трк успеа да ја помине двојката од противнички играчи, влегувајќи во шеснаестникот лице в лице со голманот. Кога тој му се приближи, Мора го измами и го натера да падне на земја, префрлувајќи ја топката на својата лева нога и постигнувајќи гол.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Овој млад талент на Порто веќе има постигнато 11 голови во 35 настапи во својата прва сезона во сениорите. DAZN, кој ги пренесува натпреварите од клупскиот турнир, прикажа видео од импресивниот погодок на Мора од сите агли, велејќи: “Каков удар! Овој млад играч ја запали атмосферата на стадионот во Њу Џерси! Ги заобиколи тројцата како да не постоеја.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ го засили голманското место со младинскиот репрезентативец на Италија

Освојувачот на Лигата на Шампионите, Пари Сен Жермен, го објави ангажманот преку слободен …