
Годинава, WRC Croatia Rally беше обележан од контроверзниот чекор на еден фотограф кој, во стремежот да улови совршен кадар, ги доведе во опасност и својот живот и безбедноста на учесниците. Фотографот Матео Лели одлучи да ја снима трката од шахта покрај патеката и ја сподели својата авантура на Instagram.
На оваа ризична постапка реагираа и Меѓународната автомобилистичка федерација (FIA) и рели тимот на Hyundai. „Не постои никакво оправдување за вакво однесување. Кога се ставате во опасна ситуација, не ја загрозувате само својата безбедност, туку и безбедноста на екипажот во автомобилот и сите околу себе. Секогаш останете во зоните кои се дозволени за гледачи и не бидете причината за откажување на брзинските испити,“ апелираа од водечката автомобилистичка организација.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
„Ова не е начин на однесување на тркачка патека, не го правете тоа на рели. Не се враќајте повеќе на трките,“ беа зборовите упатени на фотографот од страна на Hyundai.