Дома Фудбал Луда сцена во Серија А: Го украде пеналот од соиграчите, не ги послуша соиграчите – даде гол и тренерот го замени!

Луда сцена во Серија А: Го украде пеналот од соиграчите, не ги послуша соиграчите – даде гол и тренерот го замени!

Лоренцо Лука (24), напаѓачот на Удинезе кој оваа сезона игра така што стана репрезентативец на Италија, ја згрозил италијанската, но и светската фудбалска јавност со своето однесување на првиот натпревар од 26. коло на Серија А. Удинезе го победи Лече 1:0 со гол од пенал во 32. минута, но никој освен стрелецот не го прослави.

Причината за ова е неверојатното однесување на Лука, откако судијата со помош на ВАР досудил пенал за гостите. Изведувач на пеналите на Удинезе е капитенот Флоријан Таувен, кој тргнал кон топката. Меѓутоа, Лука ја грабнал топката и се оддалечил од Таувен, кој се обидел да го спречи во изведувањето на пеналот.


На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓


На капитенот му се придружи остатокот од тимот, но Лука го одбивал и нивните обиди да ја предаде топката и пеналот на изведувачот. Тренерот Коста Руњаиќ, исто така му наредил да ја даде топката на Таувен, но залудно. За ситуацијата да биде уште полуда, судијата го казнил Лука со жолт картон поради однесување кон соиграчите.

Напаѓачот на Удинезе беше убедуван и од играчите на Лече да го препушти пеналот на Таувен, но безуспешно. Лука ја задржал топката, го изведол пеналот и постигнал гол. Меѓутоа, никој од неговите соиграчи не му се придружил во славјето и само го гледале. Лутиот тренер на Удинезе потоа го заменил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пресврт, шест гола и пенал во 95. минута – спектакл во Белград во кој немаше победник! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Црвена Звезда и Партизан ремизираа 3:3 (0:1) во 175. вечно дерби. На тој на…