Дома Останати Кошарка Лос Анџелес Лејкерси продадени за 10 милијарди долари – купени беа за 67 милиони!

Лос Анџелес Лејкерси продадени за 10 милијарди долари – купени беа за 67 милиони!

Семејството Бас одлучи да го продаде Лос Анџелес Лејкерс за неверојатни 10 милијарди долари, извести реномираната НБА инсјадерка Шамс Чаранија.

Со стекнување на мнозинскиот удел во клубот, новиот сопственик, Марк Волтон, го купи 66 проценти од акциите.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Бас фамилијата го контролираше клубот од далечната 1979 година, кога Џери Бас го презеде Лејкерс за сума од 67,5 милиони долари.

Со таа трансакција, освен Лејкерс, Џек Кент Кук му ги продаде на Бас и хокеарскиот тим Лос Анџелес Кингс, кошаркарската сала Форум и 52 квадратни километри земја во Невада.

Во споредба, неодамна се продадоа и големите ривали на Лејкерс – Бостон Селтикс за “само” 6,1 милијарди долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Сезонава завршува една неверојатна низа на Леброн долга 21 година!

Актуелната сезона во најсилната кошаркарска лига во светот носи и крај на една неверојатна…