Дома Фудбал Ливерпул може да добие спектакуларно засилување и тоа од Мадрид!

Ливерпул може да добие спектакуларно засилување и тоа од Мадрид!

Англискиот првак Ливерпул е подготвен да го понуди Дарвин Нуњез и пари во замена за напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулиан Алварез.

Аргентинскиот напаѓач Хулиан Алварез направи феноменален потег со заминувањето од Манчестер Сити. Доаѓањето во Атлетико Мадрид беше полн погодок и 25-годишникот “експлодираше” во Шпанија.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Сепак, лесно може да се случи момчето со прекар ‘пајак’ веќе од следната сезона повторно да заигра на терените во Англија. Ливерпул го посакува во своите редови.

Шпанските медиуми пишуваат дека „црвените“ се подготвени да го доведат Алварез и да го направат прв напаѓач и испратиле примамлива понуда на Атлетико.

Тимот од „Енфилд“ е подготвен да се откаже од Дарвин Нуњез. Ќе го понудат Уругвајецот во замена за Алварез, а ќе додадат и пристојна сума.

Алварез дефинитивно би бил огромно засилување, без разлика што Ливерпул во нападот моментално ги има Салах, Диаз, Гакпо, Жота, и овој напад во следната сезона би бил застрашувачки за сите.

Оваа сезона Алварез во дресот на „Јорганџиите“ одигра 51 натпревар и има учинок од 27 голови и пет асистенции.

Претходно, Аргентинецот две години беше член на Манчестер Сити. Освои сè со овој клуб, но никако не беше задоволен со времето за играње.

Поради тоа и замина од Англија. Погоди со изборот на клубот, но сега му се укажа шанса за враќање и тоа во дресот на голем ривал.

Атлетико минатото лето го плати дури 75 милиони евра и ќе видиме дали се подготвени да го пуштат.

Фото: Liverpool/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На повидок спектакуларно враќање на играч во Барселона

Барселона зад себе има една многу успешна сезона под раководството на тренерот Ханси Флик.…