Дома Останати Кошарка Лејкерс на праг на елиминација, Дончиќ под жестоки напади од навивачите

Лејкерс на праг на елиминација, Дончиќ под жестоки напади од навивачите

Гледавме нова неверојатна завршница на натпреварот помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Минесота Тимбервулвс, а судиите повторно мораа да ги прегледуваат снимките.

На крај, победата ја однесе тимот на Минесота со три поени разлика, а конечниот резултат беше 116:113.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Во текот на целиот натпревар, гостинскиот тим беше подобар, но Лејкерс успеваа да останат блиску и да не му дозволат на противникот да се „одлепи“.

Иако Лејкерс имаа своја предност во првото полувреме, гостите беа тие кои на пауза заминаа со водство, а резултатот беше 61:58.

Лука Дончиќ во второто полувреме го презеде водството и речиси до самиот крај ја држеше предноста на страната на Лејкерс.

Необична ситуација се случи кога Дончиќ падна, но навреме побара тајм-аут и ја спаси топката за својот тим.

Сепак, по тој тајм-аут, топката ја загуби Леброн Џејмс при изведба, а играчите на Минесота не ја задржаа.

Сепак, тренерот на Минесота побара челенџ и беше утврдено дека Леброн Џејмс направил прекршок, со што гостите добија две слободни фрлања и 10 секунди пред крајот имаа три поени разлика.

Лука Дончиќ постигна 38 поени на овој натпревар, но ни тоа не беше доволно за неговиот тим да ја оствари победата на овој дуел.

По натпреварот, Дончиќ се најде под удари на навивачите на социјалните мрежи, а сето тоа поради слабата физичка подготвеност и грешките во клучните моменти.

„Сите ќе кажат дека постигна 38 поени, но беше ужасен во одбраната и неговиот стил на напад е катастрофа.

Пет минути во последната чевртина не подаде топка на никого.“

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Попуштија нервите: Се степаа кошаркарите на на Клиперс и Денвер (Видео)

Кошаркарите на Денвер Нагетс ги победија ЛА Клиперс со 101:99 со забивањето на Арон Гордон…