
Легендарниот италијански тренер Фабио Капело го сподели своето мислење за еден од најсјајните фудбалски таленти денес — Ламин Јамал.
Иако фасциниран од неговиот придонес на теренот, Капело истакнува дека не го гледа во категоријата на најголемите на сите времиња.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
„Ламин Јамал е играч со многу квалитети и може значително да напредува, но не гледам во него генијалност на феномен. Меси или Марадона правеа нешта кои никој не можеше ни да ги замисли. Во моментов не можам да го споредам со нив,“ изјави Капело за шпанскиот COPE.
Роналдо? Импресивен, но не генијален
Капело се осврна и на вечната дебата Меси–Роналдо, јасно покажувајќи ги своите афинитети:
„Не зборувам за бројки, туку за квалитет и генијалност. Кристијано Роналдо е импресивен играч… дал повеќе голови од сите, но не може да биде Меси или Марадона.“
И покрај критиките – Златна топка за Јамал
И покрај тоа што Ламин Јамал не го гледа како „новиот Меси“, Капело откри дека би му дал Златна топка за сето што го направил во актуелната сезона:
„Би гласал за Јамал за Златна топка. Моите гласови би биле: Винисиус, Мбапе и, на прво место, Ламин Јамал.“