Дома Останати Тенис Легендарниот Хрват со порака до родителите поради ситуцијата на Синер: Ова е лекција, оставете ги децата сами!

Легендарниот Хрват со порака до родителите поради ситуцијата на Синер: Ова е лекција, оставете ги децата сами!

Првиот тенисер во светот Јаник Синер испиша историја и стана првиот Италијанец кој го освои Вимблдон во машка поединечна конкуренција.

По финалето, легендарниот хрватски тенисер Иван Љубичиќ, некогашен трет тенисер на светот, кој денес е познат како тренер и спортски функционер, излезе со важна објава на социјалните мрежи, посебно насочена кон родителите на младите спортисти.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Честитки за Јаник Синер и неговиот тим за освојувањето на првата титула на Вимблдон. Една забелешка која често останува незабележана, но е многу значајна… Неговиот татко работеше за време на финалето на Ролан Гарос, а неговата мајка денес седеше надвор од неговиот бокс. Порака до сите родители: Оставете ги да растат сами“, напиша Љубичиќ.

Да потсетиме, по завршувањето на својата тениска кариера, Љубичиќ беше тренер на Милош Раониќ и Роџер Федерер, а потоа и спортски директор на француската тениска репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Експерт открива теорија за повредите на Ѓоковиќ

И додека Новак Ѓоковиќ се соочува со предизвиците што ги носат годините и сè почестите пау…