Дома Останати Кошарка Легенда на Лејкерс го предупредува Дончиќ: Лука мора да сфати дека ова не е Далас

Легенда на Лејкерс го предупредува Дончиќ: Лука мора да сфати дека ова не е Далас

Легендарниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс, Меџик Џонсон, рече дека играчот на овој тим, Лука Дончиќ, треба да разбере дека не игра за Далас и дека никој во клубот не треба да му каже дека мора да биде во форма, туку самиот за тоа треба да се грижи.

Дончиќ неочекувано во февруари од Далас беше претргуван во Лос Анџелес Лејкерс. Трансферот го изненади словенечкиот кошаркар, но и целата НБА лига и навивачите, а Џонсон рече дека со преминувањето во Лос Анџелес требало да дојде и до промена во начинот на размислување.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


– Лука мора да разбере дека ова не е Далас. Коби, беше суперѕвезда која нè предводеше, Шек нè водеше до титулата, Леброн нè водеше. И тоа е нешто што тука недостасува. Не треба ние да ви кажуваме да бидете во форма, тоа требаше самите да го правите, нели? Особено затоа што сте суперѕвезда – изјави Џонсон за ESPN.

Во повеќе наврати Дончиќ беше критикуван за вишокот килограми, а тој од завршувањето на сезоната во НБА лигата работеше на тоа и тренираше во Љубљана, пренесе Basketnjuz.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Каков човек: Јокиќ на соиграчот му испратил селфи со – коњ!

Денвер Нагетс не успеа да се пласира во финалето на НБА лигата во сезоната 2024/25, и покр…