Дома Останати Кошарка Лејкерс се посрамоти, а Дончиќ сакаше да се тепа со противник (Видео)

Лејкерс се посрамоти, а Дончиќ сакаше да се тепа со противник (Видео)

Кошаркарите на ЛА Лејкерс се посрамотија на својата територија во натпреварот против Чикаго Булс.

Домаќините целосно се распаднаа во последната четвртина од играта. Чикаго по првото полувреме имаше предност од три поени, и никој на крајот не можеше да очекува ваков резултат.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Гостите почнаа во третата четвртина да прават предност, а за домаќините би било подобро последната четвртина да не се играше.

Иако неговиот тим загуби, Лука Дончиќ одигра многу добар натпревар и постигна 34 поени, додаде осум скокови и три асистенции.

Тоа не им помогна на Лејкерс, исто како и враќањето на Леброн Џејмс кој постигна 17 поени, имаше шест скокови и четири асистенции.

Дончиќ беше многу нервозен, а тоа во еден момент и го покажа кога за малку не се степа со противникот, поради што доби несвесна грешка.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Лејкерс е во проблем – еден од најважните кошаркари одби 90 милиони долари

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Остин Ривс, одби да го продолжи договорот со оваа франш…