Дома Македонски спорт Мак ракомет Лазаров: Холандија помалку ни одговара, но имаме самодоверба

Лазаров: Холандија помалку ни одговара, но имаме самодоверба

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров е презадоволен од изданието против Унгарија, иако постои разочарување за испуштената победа.

„Утрово се уште постоеше тага и разочарување кај голем дел од ракометарите, за пропуштената шанса против Унгарија. Сепак, како што минува денот тоа го снемува и целосно сме фокусирани и максимално мотивирани за дуелот со Холандија. Сепак, во составот имаме играчи кои добивале важни натпревари, кои исто така и губеле важни средби во своите кариери и знаат како да преболат спортски разочарувања“

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Лазаров истакна дека најважно за него е да види борба од ракометарите како што тоа беше случај во вчерашната средба.

„Холандија е селекција која помалку ни одговара според стилот на игра затоа што има брз ракомет и ритам 60 минути. Нашите момци имаат самодоверба, имаат поддршка од нашите фанови кои ќе бидат во уште поголем број и треба да го искористиме тоа, да се чувствуваме како дома и да го дадеме нашиот максимум. Холанѓаните се апсолутни фаворити без разлика на нашиот резултат вчера, тоа го прифаќаме и само со максимална мотивација, сплотеност и борбеност ќе пробаме да им парираме“, изјави Лазаров.

Фото: РФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…