Дома Останати Кошарка Кошаркарите ќе играат против Естонија и Полска, Јончевски го објави списокот

Кошаркарите ќе играат против Естонија и Полска, Јончевски го објави списокот

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Александар Јончевски, излезе со списокот на кошаркари на чии услуги ќе смета во претстојниот трет евроквалификациски прозорец.

Репрезентацијата ќе тренира неколку дена во Скопје, а потоа ќе замине за Талин каде на 21. февруари ќе го одигра претпоследниот натпревар за овој квалификациски циклус. Три дена подоцна, на 24. февруари (понеделник) ќе ја пречекаме соодветната репрезентација на Полска во Скопје. Натпреварот против Полска ќе се одигра во СРЦ Кале, со почеток во 18:30 часот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Првиот собир на репрезентацијата е закажан за 17. февруари (понеделник) со почеток во 18:00 часот, во СРЦ Кале.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ

  1. Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
  2. Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром
  3. Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром
  4. Андреј Маслинко – МЗТ Скопје Аеродром
  5. Марин Петков – МЗТ Скопје Аеродром
  6. Стојан Ѓуроски – Работнички
  7. Дамјан Робев – Работнички
  8. Виктор Ефремовски – Работнички
  9. Андреј Шошкиќ – Работнички
  10. Теодор Симиќ – Кожув
  11. Страхил Николов – ТФТ Скопје
  12. Ненад Димитријевиќ – Олимпиа Милано
  13. Лејсон Зеќири – Башкими
  14. Андреј Јакимовски – Колорадо
  15. Итан Хап – Валенсија
  16. Ти Џеј Шортс – Парис Баскетбалл
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Српски кошаркар е хит во НБА: Двапати беше трејдуван во една недела, но и уште еднаш ќе го смени клубот!

Српскиот кошаркар Василије Мициќ стана главна тема во НБА лигата откако беше разменет два …