Дома Фудбал Консеисао стана хит со прославата по големиот пресврт против Интер (Видео)

Консеисао стана хит со прославата по големиот пресврт против Интер (Видео)

Сержо Консеикау успеа за само седум дена да го препороди Милано. По смената на Пауло Фонсека, еден португалски тренер замени друг, и тоа спектакуларно. Поранешниот тренер на Порто експресно го преобрази потонатиот тим. Го победи Јувентус па Интер и го освои суперкупот.

Прославата над најголемиот ривал во Саудиска Ријад е особено слатка, бидејќи Интер до 52. минута водеше 2:0, а потоа Милано направи пресврт за победа вредна пехар од 3:2. Неа ја донесоа играчите кои Консеисао ги внесе од клупата. По големата победа, фудбалерите и тренерот на Милано бурно славеа.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Снимката од славењето на Консеисао стана вирална. Во соблекувалната запали пура и покажа завидна вештина во танцување.. На танц го наговорија играчите на Милано, бидејќи новиот тренер така славел кога со Порто го освои шампионатот во 2022 година. Тогаш во соблекувалната танцуваше со пура во уста и снимката од тоа славење стана хит. Но сега го направи тоа со музичка придружба.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ван Дајк за поништениот гол: Не гледам смисла да дискутираме

Иако Ливерпул беше надигран во играта, останува прашањето дали е оштетен за еден гол. Капи…