Дома Фудбал Консеисао по дербито со Интер: Загубивме два бода…

Консеисао по дербито со Интер: Загубивме два бода…

Фудбалерите на Милан беа само секунди оддалечени од третата победа оваа сезона над градскиот ривал Интер, но шампионот на Италија со гол во продолжението на времето на „Сан Сиро“ избегна пораз.

И покрај тоа што тренерот на „росонерите“, Сержо Консеисао, беше видно разочаран, призна дека ремито 1:1 е најправедниот исход на ова големо дерби.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Консеисао минатиот месец го подигна трофејот од италијанскиот Суперкуп во својот втор натпревар на клупата на Милан, по триумфот од 3:2 над Интер. Меѓутоа, победата му избега откако Стефан де Фрај постигна гол во 93-та минута.

„Во натпреварот влеговме со ставот кој што го посакувавме. Фудбалерите се познаваат многу добро, а Интер е тим кој напаѓа и создава шанси. Беше важно да ги ограничиме нивните јаки страни и да ги искористиме некои слабости“, изјави Консеисао за Скај и додаде:

„На крај јасно е дека сме разочарани бидејќи изгубивме два бода, но ја видовме целата радост што ја покажаа после натпреварот. Сметам дека резултатот е правичен, но се разбира, грешките се плаќаат. Верувам дека во следниот натпревар, сега кога е завршен преодниот рок, ќе влеземе посмирено и со чиста глава и ќе можеме да се подготвиме за четири силни месеци.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите на Манчестер јунајтед се налутија: Пивото на „Олд Трафорд“ е прескапо!

Навивачите на Манчестер Јунајтед се во конфликт со раководството на клубот. По неодамнешно…