Дома Фудбал Конфузија во Вардар: Демантиран трансферот на Спахиу

Конфузија во Вардар: Демантиран трансферот на Спахиу

Пред само неколку дена Вардар преку својата Фејсбук страница го потврди трансферот на Едиз Спахиу, но сега пристигна демант.

На веб-сајтот на клубот е објавено дека Спахиу засега не ставил потпис на договор со „црвено-црните“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„АД ФК Вардар сака да ја демантира неточната вест пласирана низ спортски портали а преземена од неофицијални фејсбук фан страници.
Имено, фудбалерот Едиз Спахиу сè уште нема потпишано договор со нашиот клуб, иако преговорите траат.

Тој е во потрага по ангажман во странство. Клаузулите во неговите документи даваат простор да си најде трансфер заклучно со 20-ти јануари оваа година. Дали потоа ќе најде заеднички јазик со ФК Вардар, е работа за која фудбалската јавност навремено ќе биде информирана преку оваа веб страна, официјалното гласило на ФК Вардар АД“, стои во објавата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хаос на автопат во Виена: Српски навивачи чекале Хрвати – одземени 40 палки!

Полицијата соопшти дека се работи за 50 маскирани хулигани, најверојатно приврзаници на Цр…