Дома Фудбал Компани може да здивне пред дербито, познато е кога ќе се врати Хари Кејн

Компани може да здивне пред дербито, познато е кога ќе се врати Хари Кејн

Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани изјави дека Хари Кејн се вратил на тренинзите и може да биде во конкуренција за натпреварот против Лајпциг во Бундеслигата.

Кејн ја повреди тетивата на 30 ноември на натпреварот против Борусија Дортмунд (1:1).

„Нема да кажам дали ќе започне или не. Првиот тренинг е важен. Ако се биде добро, тој сигурно ќе игра“, изјави Компани.

Баерн вечерва од 20:30 часот го пречекува Лајпциг во 15. коло во Бундес лигата. На тренинзите им се врати и Алфонсо Дејвис, додека Серж Гнабри се уште се опоравува од повредата на коленото.

Кејн оваа сезона за Баерн постигна 20 гола на 19 натпревари во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Салах нема да игра за Египет поради вештачка трева

Мохамед Салах нема да патува со египетската репрезентација на нивниот втор квалификациски …