
Фудбалерите на Кристал Палас станаа освојувачи на ФА Купот за сезоната 2024/25, откако во финалето на “Вембли” го победија Манчестер Сити со резултат 1:0.
За Манчестер Сити ова е катастрофална сезона, додека за Кристал Палас е бајковита приказна. По 120 години постоење, генерацијата предводена од тренерот Оливер Гласнер стигна до првиот трофеј во историјата на тимот од “Селхрст Парк”!
Тимот на Палас заслужува големи пофалби за успехот, а Манчестер Сити критики за нивната сезона. Иако располагаат со ресурси да го купат секој играч кој им е потребен, доживеаја тежок пад. Но, за тоа повеќе ќе се зборува во некои од колумните. Денеска фокусот заслужено е на успехот на Палас, благодарение на извонредниот Дин Хендерсон на голот и Еберечил Езе, чиј учинок во нападот беше клучен за резултатите на екипата.
Кристал Палас поведе веќе по 16 минути игра. Прецизниот центаршут на Родриго Муњоз заврши точно кај нозете на Ебереќи Езе, кој совршено го надмудри Едерсон. Езе се постави одлично пред Мануел Аканджи и со мајсторство го заврши нападот.
Eberechi Eze has scored in four of the five FA Cup games he’s played in this season.
— B/R Football (@brfootball) May 17, 2025
None bigger than this 💥
(via @EmiratesFACup) pic.twitter.com/exb8Krd9d2
Манчестер Сити доби шанса да изедначи во 36. минута од пеналот кој го изнуди Бернардо Силва. Извршувањето на пеналот го презеде Омар Мармуш наместо Ерлинг Халанд. Според претпоставките, тоа беше претходно договорено, иако Норвежанецот обично изведува такви удари. Мармуш не беше успешен, бидејќи Дин Хендерсон го прочита и одбрани полувисокиот удар.
Голманот на Палас имаше уште неколку извонредни интервенции, дополнително вознемирувајќи ги номиналните гости. Од друга страна, Палас успеа да постигне втор гол преку Родриго Муњоз, но тој беше поништен во 58. минута поради офсајд на Исмаила Сар.
Неуспешните обиди на Сити го обележаа завршното темпо. Лондонскиот тим се повлече во одбранбена позиција во последните 10 минути, а “граѓаните” постојано го бараа начинот како да го пробијат одбраната на Дин Хендерсон, кој продолжи со високата концентрација.
Со оваа победа, Кристал Палас ќе игра во Лига Европа следната сезона.