Дома Фудбал Карло Анчелоти: Тоа не беше за црвен картон, ќе се жалиме

Карло Анчелоти: Тоа не беше за црвен картон, ќе се жалиме

Карло Анчелоти вели дека Реал Мадрид ќе се жали за црвениот картон на Винисиус кој го доби откако го удри Столе Димитриевски.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Димитриевски искусно изнуди црвен картон од Винисиус. Македонскиот голман го испровоцира фудбалерот на Реал Мадрид, тој наседна и доби исклучување.

Анчелоти смета дека двајцата требаше да добијат жолти картони, па најави жалба за црвениот на Винисиус.

„Не беше црвен картон за Винисиус и ќе се жалиме“, вели Анчелоти.

„Голманот го турна и Вини само одговори. Требаше да биде жолт картон и за двајцата и толку, тоа е тоа“.

Според некои шпански медиуми, Винисиус би можел да добие суспензија од дури четири натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кукуреја лета на Светското, а во Реал Мадрид ги тријат рацете

Марк Кукуреја игра одлично на Светското првенство. Се истакнува со физика, фудбалски вешти…