
Грчкиот бизнисмен Евангелос Маринакис мораше да го прекине своето учество во сопственичката структура на Нотингем Форест бидејќи тој клуб поминува низ УЕФА мониторинг за учество во европските натпреварувања наредната сезона.
Како сопственик на Олимпијакос, клуб кој ќе учествува во Европа идната сезона, Евангелос Маринакис поради УЕФА прописи за сопствеништво над повеќе тимови мораше своите акции да ги воведе во “слеп фонд”. Европската куќа на фудбалот наложи тоа да се направи до крајот на април, што Гркот го испочитува.
Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Тој нема да има директна контрола над бизнисот на Форест наредната сезона. “Шумарите” моментално се на шестото место во Премиер лигата и доколку завршат на петтото место ќе играат во Лигата на шампионите.
Олимпијакос веќе се квалификува за елитното натпреварување.
Ако Мaринакис ја задржеше контролата во Форест, двата клуба никако не би можеле да учествуваат во Лигата на шампионите.
Сосопственикот Сократис Коминакис ќе ја преземе функцијата на прв човек на клубот, но контроверзниот Маринакис и понатаму ќе има влијание.
Ова не е прв таков случај во Европа. Инеос исто мораше да го направи тоа во случајот со Ница кога влегоа во Манчестер Јунајтед, додека и Сити оваа сезона ја суспендираше својата контрола над Џирона.
Фото: Nottingham Forest/X