Дома Фудбал Кадетите на Вардар ѝ одржаа лекција на Црвена Звезда

Кадетите на Вардар ѝ одржаа лекција на Црвена Звезда

Кадетскиот тим на македонскиот фудбалски клуб Вардар извојува значајна победа над големиот ривал Црвена Звезда со резултат 3-1 на меѓународниот турнир што се одржува во Фоча, Босна и Херцеговина.

Избраниците на тренерот Влатко Грозданоски одиграа дисциплинирано и борбено, при што блескаа со одлична тимска игра и реализираност. Стрелци на головите за Вардар беа Петар Тодоровски, Христијан Јевтоски и Андреј Цветковски, кои со својата ефикасност го обезбедија триумфот над белградскиот клуб.

Оваа победа доаѓа како силен одговор по стартниот пораз од романскиот тим Клуж во првото коло од турнирот.

Фото: Младинска школа ФК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Германија не се истакна во дебито на Клоп, но беше на секунди од победа во Амстердам

Холандија и Германија одиграа 1:1 во натпревар од групата 2 во најсилната дивизија на Лига…