Кире Ристевски по добро ќе ја памети сезоната која што изминува.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
На репрезентативен план со Македонија се пасираше на ЕП, а и ја победи Германија на гости, сега стигна до трофеј во Унгарија. Ристевски со неговиот Ујпешт дојде до трофејот во купот.
Во финалето Ујпешт играше против МОЛ Фехревар на Висар Муслиу. Двајцата ги одиграа сите 120 минити, бидејќи се играа и продолженија. По регуларните 90 минути во продолженијата Фехервар остана со два играчи помалку, па Ујпешт тоа го искористи и со голот на Кастрати го освои пехарот.
За Ујпешт ова 11. Трофеј во историјата на купот. Освојувањето на пехарот Ристевски го прослави и со македонско знаме.