Дома Фудбал Јувентус сериозно ослабен: Влаховиќ нема да биде ниту на клупата во важната битка за Лигата на шампионите

Јувентус сериозно ослабен: Влаховиќ нема да биде ниту на клупата во важната битка за Лигата на шампионите

Тренерот на фудбалскиот клуб Јувентус, Игор Тудор, изјави дека репрезентативецот на Србија, Душан Влаховиќ нема да игра на натпреварот против Болоња во 35. коло на Серија А.

Влаховиќ последен натпревар одигра на 23 април против Парма, кога беше заменет на полувремето поради повреда.

“Влаховиќ нема да биде ниту на клупата, иако вчера тренираше со екипата. Денес се обиде, но сè уште не е подготвен 100 проценти. Се надевам дека ќе можам да го сметам на него во наредните натпревари”, изјави Тудор на прес-конференција, пренесува Газета дело Спорт.

Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓


Српскиот фудбалер оваа сезона е најдобар стрелец на Јувентус во Серија А со девет постигнати голови, а има и четири асистенции.

Фудбалерите на Јувентус утре ќе гостуваат кај Болоња во 20:45 часот, а овој натпревар е важен за двете екипи во борбата за Лигата на шампионите.

Јувентус е на четвртата позиција на табелата во Серија А со 62 поени, додека Болоња е на петтото место со 61.

Фото: Juventus FC/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ново „лудо“ ривалство во Европа: По 46 години се вратија во елитата и стадионот од нивниот најголем ривал го дели една улица!

Фудбалерите на Париз ФК со реми од 1:1 против Мартиг во гости го заверија пласманот во прв…