Дома Фудбал Операција „Олисе“ во Реал Мадрид зависи од евентуална продажба на Валверде или Чуамени

Операција „Олисе“ во Реал Мадрид зависи од евентуална продажба на Валверде или Чуамени

„Ќе претставиме понуда од 150 милиони евра за играч од тим во Лигата на шампионите“. Со овие зборови Флорентино Перес фрли вистинска бомба за време на својата предизборна кампања во емисијата „Хоризонте“ на Икер Хименес.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Новинарот директно праша за играчот на Баерн Минхен Мајкл Олисе, но тогашниот кандидат негираше. На крајот, понудата беше насочена кон Атлетико Мадрид за Хулиан Алварес, а „јорганџиите“ одговорија со подбив на социјалните мрежи.

Понекогаш, сепак, работите не се такви какви што изгледаат. Денес изгледа очигледно дека понудата за Алварес била блеф. Целта била повеќе да се комплицира евентуалното заминување на аргентинецот во Барселона (поради воинствената позиција на Флорентино за „случајот Негрејра“), отколку реален интерес, пишува „Марка“.

Задачата, сепак, нема да биде лесна. Баерн не е клуб кој продава, напротив. „Ако Флорентино Перес сака да ни испрати понуда, што сè уште не се случило, може да си ја поштеди трудот“, изјави Херберт Хајнер, претседател на германскиот клуб, откако името на Олисе се појави како опција за Реал. „Белите“ сè уште ги чуваат тие 150 милиони евра, но изгледа јасно дека доведувањето на Олисе од „Алијанц Арена“ ќе чини повеќе. Реал Мадрид дури е подготвен да ја зголеми својата понуда на над 200 милиони евра, со таван околу 220 милиони.

И покрај стабилната финансиска состојба на Реал, парите не се бескрајни. Од оваа причина, не е исклучена и некоја значајна продажба во средниот ред за следната сезона. Одбраната веќе се реорганизира (Карвахал и Алаба заминаа), а нападот сметаат дека е недопирлив, бидејќи клубот верува дека Мбапе, Винисиус и Белингам треба да останат офанзивните лидери. Така, погледите се вперени кон играчи како Федерико Валверде или Орелиан Чуамени, кои се најдоа под светлината на рефлекторите по нивната кавга на тренинг центарот „Валдебебас“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер плати 50 милиони евра за новото засилување!

Дензел Дамфрис замина кај Жозе Мурињо во Реал Мадрид, а управата на клубот предводена од Ѓ…