Дома Фудбал Jувентус договори бек, блиску е и до нов напаѓач!

Jувентус договори бек, блиску е и до нов напаѓач!

Бјанконерите создаваат тим кој би можел да ја нападне титулата ако коцките се поклопат. 

Тијаго Мота има визија, а за да ги постигне саканите цели потребно е да го засили составот, а најновото засилување на овој клуб ќе биде Алберто Коста. 

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Ова 21-годишно момче треба наскоро да пристигне од Виторија Гимараеш, тој е бек кој игра на десната страна и ќе ги чини црно-белите околу 15 милиони евра. 

Според информациите на италијанските медиуми, Коста потпишал петгодишен договор со Јувентус. 

Ова нема да биде сѐ кога е во прашање доведувањето на нови играчи во Торино. 

По сѐ изгледа, поради повредата на Бремер и Кабал, се очекува доаѓање на уште еден дефанзивец, а покрај тоа се работи и на доведувањето на напаѓач. 

Рандал Коло Муани е голема мета, постои договор со Пари Сен Жермен за позајмување на овој фудбалер и нема да бидеме изненадени ако стигне во наредните неколку дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легендите го “закопаа” арогантниот Србин, тој е подготвен самиот да си ја уништи кариерата

Душан Влаховиќ е отфрлен во Јувентус. Србинот нема да биде првиот напаѓач на клубот од Тор…