Дома Фудбал Јуве ги договори Коло Мухани и Консеисао за Светското клупско првенство

Јуве ги договори Коло Мухани и Консеисао за Светското клупско првенство

Јувентус официјално ги продолжи договорите за позајмица на Рандал Коло Мухани и Франсиско Консеисао за Светското клупско првенство. „Бјанконерите“ потврдија дека овие два играчи ќе учествуваат на турнирот во САД.

Коло Мухани му се придружи на Јувентус од ПСЖ во јануарскиот трансфер период, додека Консеисао пристигна од Порто минатото лето. Сега нивните договори истекоа, но Јувентус успеа да постигне договор со нивните клубови за продолжување на договорите најмалку за уште еден месец.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Новот генерален менаџер на Јувентус, Дамиен Комоли, веќе потврди во вторникот дека Коло Мухани ќе остане за Светското клупско првенство, додавајќи дека е уверен во постигнување на нов договор кој ќе го задржи францускиот репрезентативец за целата сезона 2025-26. Напаѓачот постигна осум голови во 16 натпревари во Серија А во втората половина од сезоната.

Консеисао постигна пет голови и даде шест асистенции во 37 натпревари во сите турнири за сезоната 2024-25.

Додека двајцата напаѓачи остануваат во Јувентус за Светското клупско првенство, тоа не се случи со Ренато Веига, чија позајмица исто така истече и тој се врати во Челзи. Двете клубови очигледно не успеаја да се договорат за продолжување на позајмицата и португалецот се врати во Лондон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Што ќе биде со најпознатиот навивач на Јунајтед кога „црвените ѓаволи“ ќе врзат пет победи во низа? (Видео)

Неверојатно познатиот навивач на Манчестер Јунајтед, Франк Илет, откри дека има планови да…