Дома Фудбал Јувентус го продолжи истекувачкиот договор на Меккени

Јувентус го продолжи истекувачкиот договор на Меккени

Од Јувентус официјално го обновија договорот на својот играч Вестон Меккени. Досегашниот договор ќе истечеше летово, но тој беше продолжен до 2030 година со плата од 4,2 милиони евра по сезона плус бонуси.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Токму американскиот репрезентативец е најдобриот играч на “Старата дама” оваа сезона со своите 8 голови и 7 асистенции во 38 натпревари во сите натпреварувања. Според Николо Скира, 27-годишниот играч доби бројни понуди од клубови како Интер, Рома, Милан, Астон Вила и Марсеј, но тој претпочита да остане во торинскиот гигант, наместо да си замине како слободен агент по крајот на сезоната.

Играч каков што нема друг, флексибилен и способен буквално да заземе која било позиција на теренот. Тоа се покажа во последните месеци, кога започнувајќи како играч од средниот ред, успеа да се изрази на високо ниво како стрелец, крило, бек и дури одбранбен играч. Инструмент кој може да се користи како од десната, така и од левата страна на располагањето на тренерот Лучано Спалети, за да се обиде и да го победи секој тип противник. Момче кое ги освои срцата на навивачите и ги бере плодовите на секојдневниот труд на тренинзите. Честитки, Вес, од името на целото семејство на Јувентус”, се вели во изјавата на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан е минато: Леао ќе бира меѓу два премиерлигаши!?

Португалската ѕвезда Рафаел Леао повторно се најде во центарот на вниманието откако со сво…