Дома Фудбал Јунајтед веќе може да слави пласман во финале: Билбао остана без важни фудбалери!

Јунајтед веќе може да слави пласман во финале: Билбао остана без важни фудбалери!

Фудбалерите на Манчестер јунајтед и Атлетик Билбао утре ги чекаат реванш натпреварот од полуфиналето на Лига Европа на “Олд Трафорд”.

Може да се каже дека сѐ е повеќе или помалку веќе познато. Јунајтед го доби првиот дуел со 0:3 на „Сан Мамес“ и само чудо може да ја промени оваа ситуација. Сепак, не би било првпат Јунајтед да се сопне кога е најважно во последниве години.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Но, освен што имаат голема предност на семафорот, кадровската ситуација на противникот е прилично лоша и им оди во прилог.

Ернесто Валверде нема да може да смета на тројца од најважните играчи. Браќата Ињаки и Нико Вилијамс не се подготвени за настап, а истото важи и за најдобриот стрелец и играч Ојхан Сансет. Тие не отпатуваа со тимот за во Англија.

Затоа, катастрофалната сезона на Манчестер јунајтед може да се спаси со освојување на европскиот пехар и со самото тоа пласман во Лига на шампиони. Ни криви, ни должни.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сандерленд се засили со играч на ПСЖ

Сандерленд го донесе Норди Мукиееле од Пари Сен Жермен, соопштуваат од англискиот клуб. До…