Репрезентацијата на Грција со победа го отвори настапот на Евробаскетот, во натпревар со многу осцилации ја победија Хрватска со 89:85.




Хрватска покажа карактер и се врати од минус 19, сепак во завршницата на сцена стапи Јанис Адетокумбо кој со неколку одлични акции обезбеди победа за својата репрезентација.




Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Од почетокот на мечот Грција започна да прави предност и на полувремето водеа со 46:30, меѓутоа таа нивна доминација траеше до средината на третата четвртина кога водеа со 62:45. Хрватите тогаш постигнаа 15 поени во низа и целосно се вратија во натпреварот.




Грција во последната четвртина сепак го контролираше резултатот, а на помалку од две минути на семафорот стоеше 84:82. Тогаш блесна Адетокумбо кој со две реализации во нападот ја врати Грција во добра предност.




Натпреварот Јанис го заврши со дабл-дабл од 27 поени, 11 скокови и 6 асистенции. Во редовите на Хрватска најефикасен беше Смит со 23 поени.