Mладиот италијански офанзивец играч за врска Николо Ровела на лето ќе ја продолжи кариерата во Јувентус кој договорил негов трансфер од Џенова, пренесува „Скај Спорт Италија“.
Јувентус за него ќе плати 10 милиони евра, а во Џенова ќе ги испрати и младите играчи Ели Петрели и Маноло Портанова.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ровела до крајот на сезоната ќе остане на позајмица во Џенова.
„Мојата иднина засега е Џенова затоа што морам да напредувам. Сакам да играм редовно за Џенова и да ја завршам сезоната“, изјави 19 годишниот Ровела.
#Juventus-bound Nicolò #Rovella explains why his future ‘is at #Genoa’ and reveals #RealMadrid star Luka #Modric is his role model. https://t.co/DXKfsKiIi2 #SerieA #Calcio pic.twitter.com/kj6hxguwmu
— footballitalia (@footballitalia) January 9, 2021