Лука Модриќ на лето му завршува договорот со Реал Мадрид, а како што пренесува специјализираниот портал Defensa Central, хрватскиот капитен сака да го доведе Севиља.
Модриќ не е сигурен дали ќе остане во Реал, бидејќи има 39 години и на 30 јуни му истекува договорот со Кралевите, а иако е во поодминати играчки години, постојат неколку клубови кои се заинтересирани за неговите услуги.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
Еден од нив е Севиља, која сака Модриќ да ја продолжи кариерата барем уште една сезона. Хрватот, и покрај годините, сè уште е на добро ниво и на „Писхуан“ го гледаат како многу интересен играч кој би бил значителна помош во средишниот ред.
Предуслов за евентуален трансфер е Модриќ да прифати да ја намали својата моментална плата која изнесува околу 10 милиони евра, а којашто за Севиља е превисока. Модриќ би можел да потпише договор со новиот клуб веќе на 1 јануари, бидејќи му остануваат само 6 месеци до истекот на договорот со Реал.
Конечната одлука за судбината на Модриќ ќе ја донесе Флорентино Перез, но се очекува дека за тоа ќе се разговара на крајот на сезоната.
Лука Модриќ оваа сезона стана играч со најмногу трофеи во историјата на клубот (39) и најстариот играч кој го носел дресот на Кралевите.