Дома Останати Ракомет Ивановски е седмо засилување за Охрид!

Ивановски е седмо засилување за Охрид!

Македонскиот репрезентативец Мартин Ивановски и официјално се врати во редовите на ГРК Охрид, откако клубот го промовираше како седмо засилување за новата сезона 2026/27.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дваесет и петгодишниот среден бек повторно ќе го облече дресот на клубот во кој ги направи своите први ракометни чекори. Тој потпиша едногодишен договор со можност соработката да биде продолжена и за сезоната 2027/28, а ќе настапува со бројот 34.

Ивановски во досегашната кариера, покрај Охрид, настапуваше и за Алкалоид и Пелистер 2, а со своите игри се избори и за место во сениорската репрезентација на Македонија.

По официјализирањето на трансферот, ракометарот не ја криеше радоста што повторно ќе игра во својот роден град.

„Навистина сум среќен што се враќам во клубот каде што започна мојата ракометна приказна. ГРК Охрид е тим кој континуирано напредува и од сезона во сезона ги подигнува своите амбиции, а освоениот европски куп е потврда за тоа. Верувам дека заедно ќе продолжиме да го развиваме клубот и дека ќе донесеме уште многу успеси и трофеи“, изјави Ивановски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Митревски ја има третата најдобра асистенција во Лигата на шампионите (Видео)

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски се најде меѓу најдобрите асистенти во…