Дома Останати Тенис Италијанец предизвика бурни реакции – го спореди Синер со – Хитлер!

Италијанец предизвика бурни реакции – го спореди Синер со – Хитлер!

Италијанскиот рапер Федез сподели делови од текстот на новата песна што треба да биде објавена за три дена, при што 35-годишниот Италијанец го критикува тенисерот од Јужен Тирол, Јаник Синер, за неговиот “хитлеровски нагласок”.

“Италијанците имаат нов идол по име Јаник Синер – потполно италијански, но со нагласок налик на оној на Адолф Хитлер”, се наведува во провокативниот текст на песната. Јужнотоиролската народна партија веднаш изрази остра критика кон раперот, истакнувајќи дека Федез “со една реченица ги навредува Јужните тиролци, Италијанците, Австријците и Германците”.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


“Изјавата на Федез е израз на ретка глупост и навреда за целата германска заедница во Италија. За да привлече внимание за своите претстојни концерти, оживува навреди од најтемни места на најдолни барови.

Очигледно не би требало да постои италијански граѓанин, а камоли врвен спортист, кој се придржува до германскиот јазик и култура. Ова повторно докажува дека диверзитетот секогаш е проблем за едноставни умови”, се наведува во изјавата на партијата.

Синер, кој е прв на светската тениска листа, не одговори на споредбата со Хитлер. Песната не го напаѓа само Синер, туку и италијанската опозициска лидерка Ели Шлајн и неодамна канонизираниот Карло Акутис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ ќе добие 13,5 милиони евра од Нетфликс за снимање документарец!?

Новак Ѓоковиќ би можел да биде следната ѕвезда на Нетфликс. Информацијата дека оваа ТВ пла…