![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2025/02/2025-nba-all-star-1280x720-1-850x491.webp)
Кошаркарот на Далас, Кајри Ирвинг, дополнително е избран да учествува на претстојниот ол-стар натпревар на Американската професионална кошаркарска лига (НБА) на местото на својот соиграч Ентони Дејвис, кој ќе го пропушти натпреварот поради повреда.
Дејвис се здоби со повреда на левата нога на натпреварот против Хјустон, на кој дебитираше за Далас и се очекува да отсуствува од теренот неколку недели. Тој во Маверикс дојде како дел од трејдот што го прати Лука Дончиќ во Лос Анџелес Лејкерс.
Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓
На Ирвинг ова му е деветти пат да игра на ол-стар во кариерата, а во 2014 година беше и најкорисен играч (МВП) на ол-стар натпреварот.
Плејмејкерот на Атланта, Тре Јанг, исто така ќе игра на ол-стар натпреварот на местото на крилниот центар на Милвоки, Јанис Адетоќумбо, кој ќе го пропушти натпреварот поради повреда на листот.