Дома Останати Кошарка Ирвинг ќе го замени Дејвис на Ол-стар натпреварот, Јанг избран на местото на Адетокумбо

Ирвинг ќе го замени Дејвис на Ол-стар натпреварот, Јанг избран на местото на Адетокумбо

Кошаркарот на Далас, Кајри Ирвинг, дополнително е избран да учествува на претстојниот ол-стар натпревар на Американската професионална кошаркарска лига (НБА) на местото на својот соиграч Ентони Дејвис, кој ќе го пропушти натпреварот поради повреда.

Дејвис се здоби со повреда на левата нога на натпреварот против Хјустон, на кој дебитираше за Далас и се очекува да отсуствува од теренот неколку недели. Тој во Маверикс дојде како дел од трејдот што го прати Лука Дончиќ во Лос Анџелес Лејкерс.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


На Ирвинг ова му е деветти пат да игра на ол-стар во кариерата, а во 2014 година беше и најкорисен играч (МВП) на ол-стар натпреварот.

Плејмејкерот на Атланта, Тре Јанг, исто така ќе игра на ол-стар натпреварот на местото на крилниот центар на Милвоки, Јанис Адетоќумбо, кој ќе го пропушти натпреварот поради повреда на листот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Вембањама директно: Јокиќ не е најдобар играч во НБА!

Виктор Вембањама не ги крие амбициите по враќањето на теренот. Центарот на Сан Антонио Спа…