Дома Фудбал Интер славеше во Минхен, Реал прегазен во Лондон

Интер славеше во Минхен, Реал прегазен во Лондон

Во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, Арсенал се издвои со убедлива победа од 3-0 против Реал Мадрид. Во Минхен, Интер приреди изненадување за Баерн.

Деклан Рајс беше несомнено херојот на Арсенал. Со два маестрални гола од слободни удари во 58. и 70. минута, тој им го нанесе големиот пораз на “кралскиот“ клуб. Микел Мерино го заклучи натпреварот со гол во 74. минута.

На „Алијанц арена“ Интер успеа да го победи Баерн Минхен со 1-2. Лаутаро Мартинез отвори резултат во 37. минута за Интер.

Томас Милер израмни во 85. минута, но Давиде Фратези го донесе победничкиот гол за Интер само три минути по израмнувањето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од Баерн и ПСЖ до… Ренато Санчез пред изненадувачки потпис!

Ренато Санчез може наскоро да стане ново засилување за Хетафе и за првпат во својата карие…