Дома Фудбал Италија Интер е прв финалист во Суперкупот

Интер е прв финалист во Суперкупот

Фудбалерите на Интер се пласираа во финалето на италијанскиот Суперкуп, откако во полуфиналето ја победија Аталанта со 2:0.

Херој за „нероаѕурите“ беше холандскиот репрезентативец Дензел Думфрис кој ги постигна двата гола. 

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


По четири минути игра во второто полувреме Думфрис најдобро се снајде во една мешаница и погоди за водство на Интер од 1-0.

Истиот играч постигна прекрасен гол во 61. минута за 2-0, што беше и конечен резултат.

Аталанта до крајот создаде неколку одлични шанси, но не успеа да го совлада расположениот Зомер.

Во 72. минута Едерсон намали на 2-1, но неговиот погодок беше поништен поради офсајд по интервенција на ВАР.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анчелоти не ги затвора вратите на репрезентацијата за Нејмар

Со години беше неговата главна ѕвезда, некое време и капитен, но повредите доведоа до тоа …