Дома Фудбал Хит видео од соблекувалната на Реал. Мбапе: Модриќ има повеќе трофеи од моите години

Хит видео од соблекувалната на Реал. Мбапе: Модриќ има повеќе трофеи од моите години

Фудбалерите на Реал Мадрид го освоија премиерното издание на Интерконтиненталниот куп на ФИФА во средата во Катар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во финалниот натпревар актуелниот европски првак ја совлада мексиканската Пачука со 3:0 и освои нов трофеј. Капитенот на хрватската репрезентација и капитен на Реал, Лука Модриќ ги одигра последните 20 минути и на крајот го подигна пехарот.

Модриќ оваа сезона одигра 25 натпревари со вкупно 1111 минути поминати на теренот. Неговиот договор е со важност до крајот на сезоната, а сега го освои 28. трофеј во дресот на Кралевите. Во 122-годишната историја на клубот од Мадрид, ниту еден фудбалер не освоил повеќе. Еден трофеј помалку има Дани Карвахал, а два помалку има Начо кој летово го напушти клубот.

Марсело и Карим Бензема имаат по 25 трофеи. На социјалните мрежи се појави снимка од соблекувалната на Реал на која Килијан Мбапе (26) дознава дека Модриќ освоил 28 трофеи во дресот на Реал:

„Па, тој има повеќе трофеи од моите години“, изјави Французинот и ги насмеа колегите. Видеото веднаш стана вирално меѓу фудбалските фанови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Возиња на Мундијалот има повеќе дриблинзи од Роналдо!

Херојот од Зеленортски Острови, голманот Возиња, има реализација на повеќе дриблинзи откол…