Дома Фудбал Хит сцена во Премиер лигата: Судија прегледуваше ВАР, а навивачите му покажуваа картички и паричници!

Хит сцена во Премиер лигата: Судија прегледуваше ВАР, а навивачите му покажуваа картички и паричници!

Нотингем Форест го победи Саутхемптон со 3:2 на домашен терен во 22-то коло од Премиер лигата. Елиот Андерсон во десеттата минута го доведе домаќинот во водство, а Калум Хадсон-Одои во 28-та минута ја зголеми предноста. До полувремето беше 3:0 откако во 41-та минута гол постигна новозеландскиот напаѓач Крис Вуд. Првиот гол за тимот на Иван Јуриќ го постигна Јан Беднарек во 60-та минута, додека Пол Оначу во надоместокот го постави конечниот резултат.

Форест даде четири гола на натпреварот, но еден беше поништен. Никола Миленковиќ во 64-та минута постигна погодок со глава по слабата реакција на голманот на Саутхемптон, Аарон Ремсдејл. Главниот судија Ентони Тејлор го призна голот, но по насоката од ВАР собата ја провери снимката.


Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓


Додека Тејлор ја гледаше снимката на ВАР мониторот, навивачите на Форест пред него мавтаа со пари и кредитни картички, како да пробуваат да го поткупат да го признае голот. Тејлор тоа не го стори, туку го поништи голот бидејќи соиграчот на Миленковиќ, Крис Вуд, влијаеше на играта, а претходно беше во офсајд. Целата ситуација можете да ја погледнете во приложеното видео од 7:34 минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Симеоне: Целта ни е финале во Лига на шампиони

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне нескоримно потврди дека целта на неговиот тим о…