Дома Фудбал Гвардиола со овој тим напаѓа на Светското првенство

Гвардиола со овој тим напаѓа на Светското првенство

Фудбалскиот клуб Манчестер Сити ја објави денеска листата со 27 играчи за претстојното Светско клупско првенство, кое од 14 јуни до 13 јули ќе се одржи во Соединетите Американски Држави.

На листата го нема играчот од средниот ред Џек Грилиш, кој беше поврзан со заминување од клубот, а надвор од тимот е и Кевин Де Брујне, чиишто договор со Сити истекува на 30 јуни.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Поради повреда за Сити нема да игра хрватскиот фудбалер од средниот ред Матео Ковачиќ, додека Џејмс Макајти е со составот на младата репрезентација на Англија на Европското првенство во Словачка.

Тренерот Пеп Гвардиола одлучи за патувањето во САД да го повика играчот од средниот ред Родри, кој се опоравува од повреда, како и новите засилувања Маркус Бетинели (голман), Рајан Аит-Нури, Рајан Шерки и Тиџани Рејндерс.

Сити ќе ги игра натпреварите на Светското клупско првенство во рамки на Групата Г со мароканскиот Видат, Ал Аин од Обединетите Арапски Емирати, како и со италијанскиот Јувентус.

Пласман во осмина финалето ќе изборат по двете најдобро пласирани селекции од осумте групи.

Листа на играчи на Манчестер Сити за Светското клупско првенство:

Голмани: Маркус Бетинели, Стефан Ортеа Морено, Едерсон.

Одбрана: Рубен Дијас, Џон Стоунс, Нејтан Аке, Рајан Аит-Нури, Виктор Рејс, Јошко Гвардиол, Мануел Аканџи, Абдукодир Хусанов, Рико Луис.

Среден ред: Тиџани Рејндерс, Жереми Доку, Нико Гонсалес, Родриго, Илкај Гундоган, Бернардо Силва, Савињо, Матеус Нунез, Рајан Шерки, Клаудио Ечеверри, Фил Фоден, Оскар Боб, Нико О’Рајли.

Напад: Омар Мармуш, Ерлинг Халанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Станковиќ збесна: Се расправаше со новинар на три јазици, па му порача – ти си смрдеж! (Видео)

Поранешниот тренер на московски Спартак, Дејан Станковиќ, стана тема на денот на социјални…